Пентагон соопшти дека 120 дронови-камикази „Феникс Гоуст“, конструирани од американското воено воздухопловство специјално за украинските потреби и врз основа на нивните барања, ќе и бидат доставени на Украина во моментите кога војната со Русија ќе се интензивира.

Артилериските системи и артилериските гранати се она што Украинците велат дека им е потребно и мислиме дека тие го велат тоа со добра причина. Борбите во Донбас во голема мера ќе се потпираат на артилерија – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби

Службеникот вели дека најновиот дрон ќе има слични способности како и дронот „Свичблејд“, но дека нема да коментира за неговите борбени способности.

Мистериозниот „камикази дрон“ е развиен од американското воено воздухопловство специјално за украинската војна против Русија и е дел од најновиот американски пакет за безбедносна помош за Украина.

Системот, развиен според американскиот воен договор со компанијата „AEVEX Aerospace“, веќе бил во изградба пред руската воена акција во Украина, но е модификуван со сет на барања што одговараат на она што им е потребно на Украинците во Донбас.

Ќе биде потребна минимална обука за операторите на беспилотни борбени системи за да можат да ја користат, а ние ќе работиме на тие барања за обука директно со украинските вооружени сили – изјави портпаролот на Пентагон.

Иако точниот дизајн на „Феникс гоуст“ е непознат, самоубиствените беспилотни летала од многу видови биле многу ефикасни во современите конфликти и не мора да бидат многу сложени системи.

„AEVEX“ е компанија која се опишува себеси како компанија која обезбедува дизајн од крај до крај на системи за авиони и сензори, интеграција, операции, одржување и анализа на податоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.