Најмалку 33 лица загинале, а 43 се повредени при напад врз џамија и верско училиште во северен Авганистан, при што голем дел од жртвите се ученици, соопшти талибански официјален претставник.

Талибанскиот заменик министер за култура и информации, Заибулах Муџахид, изјави дека нападот се случил во градот Имам Сахеб во провинцијата Кундуз и дека талибанците го осудуваат злосторството и изразуваат длабоко сочувство до семејствата на жртвите.

Денешниот напад е најнов во серијата смртоносни напади во Авганистан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но авганистанскиот огранок на терористичката Исламската држава ја презеде одговорноста за серијата бомбашки напади извршени претходниот ден. Најлош беше нападот на шиитската џамија во северниот дел на Мараз-е-Шариф, кога најмалку 12 шиитски верници беа убиени, а десетици ранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.