САД извршиле нови напади врз цели на Хутите во Јемен. Американски официјални лица, кои сакале да останат анонимни, не откриле за кои цели станува збор или колку ракети биле лансирани, но американската војска соопшти дека биле елиминирани 14 ракети на Хутите кои биле подготвени за лансирање.

Јеменската новинска агенција Саба јави дека американски и британски авиони гаѓале области на регионите Ходеида, Таиз, Дамар, Ал Баџда и Саада.

Нападите на Хутите го забавија поморскиот сообраќај меѓу Азија и Европа од ноември. Движењето почна напади врз трговски бродови во знак на протест против израелските напади во Појасот Газа.

Американската војска вчера соопшти дека дрон лансиран од територијата контролирана од Хути погодил брод во американска сопственост во Аденскиот Залив. Според соопштението, немало повредени, а евидентирана е мала материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.