САД го затвораат последниот финансиски канал преку кој Русија ги отплаќа долговите во вредност од милијарди долари кон меѓународните инвеститори, што ќе ја доведе Русија во позиција, за прв пат по Октомвриската револуција, да не ги плаќа достасаните обврски и долгови.
Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека нема план за обновување на лиценцата, којашто и овозможува на Русија да продолжи да ги плаќа долговите преку американските банки.
Веќе имаше индикации дека администрацијата на Бајден не е подготвена да ја обнови лиценцата на Русија.
Говорејќи на прес-конференција, по минатонеделниот состанок на министрите за финансии на Групата седум во Германија, американската министерка за финансии, Џенет Јелен, порача дека постои опција за „преоден период што ќе им овозможи на инвеститорите да продаваат хартии од вредност“.
Се очекува тоа да биде временски ограничено – истакна Јелен.
Без дозвола да ги користи услугите на американските банки за плаќање долгови, Русија нема да може да ги отплати своите меѓународни инвеститори.
Кремљ досега ги користеше услугите на „ЏПМорган и Чејс“ и „Ситигруп“ како посредници за плаќање на своите обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.