Членот на главниот Совет на воено-граѓанската администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов, порача дека враќањето на регионот под контрола на Украина е исклучено.

Рогов додаде дека за такво нешто нема потреба ниту да се преговара со режимот во Киев и дека иднината на регионот може да биде само како дел од Русија.

Иднината на регионот Запорожје може да биде само една – во рамките на Русија. Не ни требаат сиви зони, не ни треба Запорожка Народна Република. Сакаме да бидеме дел од Руската Федерација, како што сме биле отсекогаш стотици години. Ние отсекогаш сме биле напреден дел од Руската империја. Населението во таа област е целосно руско по менталитет, па ќе бидат потребни само неколку месеци за целосно прилагодување. Се повеќе луѓе активно се залагаат за приближување со Русија – објасни Рогов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.