САД, заедно со своите сојузници од Г7 и Европската Унија, ќе воведат забрана за поморски транспорт на руска нафта од 5 декември, а нафтени деривати од 5 февруари следната година, потврди американското Министерство за финансии.
Испораките што се во согласност со ценовните ограничувања утврдени од сојузниците ќе бидат изземени од забраната – се вели во соопштението.
Минатата недела министрите за финансии на „големата седумка“ (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција, Јапонија) го потврдија планот за воведување „ценовна граница“ за руската нафта и забрана на услугите за поморски транспорт на нафта и нафтените деривати од Русија, ако не бидат продавани по ограничена цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.