Британскиот платеник Марк Ејрес (48), кој се бори на страната на Украина во регионот на Харков, за „Си-Ен-Ен“ вели дека официјален Киев нема доволно оружје и опрема за успешно извршување на контраофанзива, поради што бројот на војници убиени е исклучително висока.

Напредокот на фронтот е видлив, но жртвите се огромни. Борбата е тешка и бавна, метар по метар, позиција по позиција, бидејќи украинската армија нема ресурси да изведе некој вид на блицкриг. Немаме доволно артилерија и опрема. Затоа треба паметно да се бориме и да се обидеме да претрпиме што помалку загуби. Сите мора да знаат дека контраофанзивата нема да биде брза – вели Ејрес, кој и самиот бил ранет во левата нога на вториот ден од украинската контраофанзива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.