Од Пентагон соопштија дека САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари.

Како што се наведува во соопштението на Пентагон, новата помош се објавува во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери „Страјкер“ и муниција за ракетните системи „Хајмарс“.

Целта на помошта е да се зајакне способноста на Украина да спроведува контраофанзивни операции, да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана и да и обезбеди други средства за одбивање на руските сили, се наведува во соопштението на Пентагон.

Ова е 41-ви пакет помош од САД за Украина од почетокот на војната во февруари минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.