Американски и британски сили денеска извршија повеќе од десетина напади врз објекти на Хутите во Јемен.
Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на Хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.
Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде што воената база е под контрола на движењето Хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен, Сана и две во провинцијата Дамар.
Канцеларијата за медиуми на движењето Хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана.
Пред неколку дена Хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел како одговор на неговата инвазија на Газа и Либан. Хутите деновиве соборија американско воено беспилотно летало над Јемен, а минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.