Американската федерална агенција за цивилно воздухопловство (ФАА) нареди привремена суспензија на летовите со 171 авион Боинг 737 Макс 9 за да се провери нивната безбедност, пренесоа светските агенции.

Причина е несреќата со ваква машина во петокот на американската авиокомпанија „Аласка ерлајнс“, во која се скршил панел за време на летот. Авионот, кој патувал од Портланд, Орегон, до Онтарио, Калифорнија, принудно слетал назад во Портланд. Сите 171 патник и шесте членови на екипажот во авионот се неповредени.

Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс, исто така, соопшти дека привремено повлекува пет од своите авиони Боинг 737 Макс 9 на проверка, објави Ројтерс. Авионите ќе останат на првиот аеродром на кој ќе слетаат.

Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) соопшти дека ќе ги спроведе упатствата на американската ФАА, но прецизираше дека ниту една авиокомпанија на ЕУ во моментов не управува со авиони од засегнатата конфигурација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.