Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот објави дека го истражува летот на Алјаска ерлајнс откако неговиот Боинг 737 мораше да изврши принудно слетување веднаш по полетувањето од Портланд.

Летот 1282 на Алјаска ерлајнс имаше несреќа по полетувањето, поради што принудно слета. Во авионот имало 174 луѓе и шест членови на екипажот, пренесува Ројтерс.

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека недостасува прозорец и дел од страничниот ѕид на авионот. Засега нема коментар од производителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.