Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан, изјави дека американските власти го предупредиле Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции.

Внимателно следиме во која мера Кина и пружа материјална и економска поддршка на Русија. Му пренесовме на Пекинг дека нема да толерираме или да дозволиме која било земја да и надомести Русија за нејзините економски загуби од западните санкции – истакна Саливан, додавајќи оти тоа би имало последици за Кина.

Во исто време, Саливан одби да одговори на прашањето дали САД се подготвени да воведат ограничувања за Пекинг доколку се обиде да и помогне на Русија да ги надомести економските и финансиските загуби од санкциите воведени од САД и нивните сојузници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.