Американското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина се посветени на одржување нови трговски преговори следната година.

Ваквата изјава доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг пред три дена се сретнаа во Сан Франциско, за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (Апек).

Американската министерка за трговија Џина Раимондо вчера се сретна со нејзиниот кинески колега Ванг Вентао.

За време на состанокот, двајцата го разгледаа напредокот на работната група за трговски прашања и се договорија повторно да се сретнат на почетокот на 2024 година“, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

САД и Кина ќе имаат технички разговори на тема заштита на деловните тајни.

Двете најголеми светски економии се во комерцијално и геополитичко ривалство.

САД се обидуваат да ја спречат Кина да пристапи до најсовремените технологии, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност. Ваквиот став предизвикува големо противење кај Кина, која смета дека им штети на нејзините „легитимни интереси“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.