САД му порача на Косово дека „процедурата за членство е сложена и бара долгорочен и енергичен пристап“, пренесува Радио слободна Европа на албански јазик преку неименуван портпарол на Стејт Департментот.

Косово најдобро може да ја покаже својата спремност за одговорноста која ја носи членството во НАТО продолжувајќи ја активната имплементација на десетгодишниот транзициски план на косовските безбедносни сили и не отстапувајќи од него, нагласил гласноговорникот.

Претходно претседателката на Косово, Вјоса Османи, во писмото до американскиот претседател Џо Бајден побара брз прием на Косово во Алијансата по руската инвазија во Украина.

Продолжуваме да ги поддржуваме косовските безбедносни сили сè додека не остварат значителен напредок во својот десетгодишен план на транзиција, развиен со поддршка од САД, со цел изградба на мултиетнички одбранбени сили кои не само што ќе бидат во состојба да го заштитат територијалниот интегритет на Косово, туку и ќе придонесат на глобалните безбедносни напори надвор од неговите граници, додаде портпаролот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.