САД добиле уверување дека Украина нема да ги користи американските ракети АТАКМС надвор од својата територија.
Ова го изјави помошникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан. Претходно се дозна дека по наредба на претседателот Џо Бајден ваквите проектили тајно биле доставени до Украина.
Сега кога имаме дополнителни овластувања и финансирање, ќе испратиме повеќе. Белата куќа е уверена дека режимот во Киев ќе го „одржи ветувањето“ дека ќе ги користи АТАКМС само на своја територија“, изјави Саливан.
Специјализираните портали за одбрана, објавија мапа која покажува до каде всушност можат да стигнат овие проектили.
Дури и пред изјавите на Саливан, се појавија информации дека Украина користела АТАКМС против руски цели изминатиов период.
По објавувањето на информациите за испорака на американските долгометни ракети АТАКМС во Украина, портпаролот на Кремљ, Димитар Песков, изјави дека тие нема да ја спречат Русијада ја постигне целта.
САД се директно вклучени во конфликтот во Украина, но тоа само ќе му наштети на Киев и нема да го промени курсот. Ќе ја постигнеме нашата цел, но ракетите само ќе предизвикаат повеќе проблеми за самата Украина“, изјави Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.