Арктичката зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави.
Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години.
Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник.
Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.
Веб-страницата за следење летови „Флајтавер“ соопшти дека вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови.
Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите.
Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри прогласување вонредна состојба за државата Њујорк по смртоносната снежна бура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.