Украинската пејачка Руслана, која македонската јавност ја памети по победата на „Евровизија“ годината кога Тоше ја претставуваше Македонија, повторно им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи а овојпат, меѓу другите, и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Како амбасадор на мојата земја, како победничка на Евровизија, сега зборувам во име на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската армија ќе ја штити Европа ако вие не заштитите нас. Донесете одлука поради безбедноста на целиот свет. Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија не напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна, порача Руслана.
View this post on Instagram
Руслана објави и на инстаграм-стори во кое прашува: „Дали сакате Чернобил 2?“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.