Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“, преку кое се снабдуваат руските сили со гориво и со оружје.
Претходно, украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво.
„Кавказ“ е едно од најголемите руски пристаништа на Црното Море. Неговите услуги ги користат бродовите и за комерцијален извоз и за снабдување со гориво на Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.