Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Преговорите продолжија еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.
Тој додаде: Постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор.
Кремљ, пак, соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната.
Австрија има своја војска, но е обврзана на неутралност со Австрискиот државен договор од 1955 година и нејзиниот устав, кој забранува влез во воени сојузи и поставување странски воени бази на австриска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.