Европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон се зазема во средата за брзо и задолжително евакуирање на децата коишто ги родиле сурогат мајки во Украина за двојки од земјите на Западот, а нивните родители нарачатели не можеле да дојдат по нив поради руската офанзива.

Во текот на пандемијата по овие новороденчиња, голем број од нив не можеа да дојдат и за нив грижата ја преземаа домовите за деца… Имајќи предвид дека сурогат мајките и сега раѓаат, децата не е можно да бидат одведени и тие се во неизвесна ситуација. Поради тоа мислам дека постои голема потреба за евакуација на овие деца, изјаво Швеѓанката Јохансон пред европратениците.

Голема клиника во Киев, така, објави видео снимка на десетици деца кои биле родени од сурогат мајки и по коишто не можеле да дојдат нивните родители нарачатели.

Јохансон изрази загриженост за судбината на децата во домовите за згрижување деца без родители и тврдеше дека „некои домови Русите ги испразниле и никој всушност не знае каде се децата“.

Но Украина продолжи со таквата практика и остана меѓу ретките земји во свеото кои дозволуваат Комерцијална заменска бременост (GPA) за странците. Според процената, меѓу 2.500 до 3.000 деца се раѓаат секоја година во Украина за клиенти во странство а кои главно доаѓаат од САД, Европската унија и од Кина.

Пандемијата на коронавирусот го насочи вниманието на јавноста во ЕУ врз овој комерцијален сектор кој бележи огромен подем во Украина, откако власта во Киев во 2014 година ја преземаа прозападните политичари.

Инаку првичните тензии меѓу Западот и Русија, меѓу другото, се јавија во раните 2000-те години кога беше забрането и барана голема контрола во кои семејства точно одат стотиците илјади деца од сурогат мајки и од домовите за сираци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.