Руските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина.

Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен од руско заробеништво, објави Јермак на социјалните мрежи.

Украина соопшти дека руските сили го киднапирале Федоров минатиот петок.

Во видео што синоќа на Телеграм го постави заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, украинскиот претседател разговара со Иван Фјодоров, му честита за неговото спасување и го уверува дека Украина не го напушта својот народ. Од спротивната страна, градоначалникот му одговори дека ќе му требаат ден-два да се врати на работа. Како одговор, Зеленски рече дека не може да „вети два дена”, но го охрабри градоначалникот да се одмори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.