Единица на Воздухопловните сили на Русија, со помош на дрон откриле украинска диверзантска група во шумски појас и ја уништиле воената опрема и персоналот на непријателот. Руското министерство за одбрана, објави снимка од акцијата на руските специјални единици.

Во описот на снимката се наведува дека во диверзантско-извидувачката група на Вооружените сили на Украина имало оклопни возила камуфлирани во шумскиот појас.

Непријателот беше нападнат со артилериски и противтенковски ракетни системи – се наведува во соопштението.

Во нападот биле уништени шест тенкови, осум оклопни борбени возила, шест возила, како и одреден број украински војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.