Руското министерство за одбрана соопшти дека силите на проруските региони во Доњецк, имале напредок во борбите против украинските сили.

Борците на Народната Република Доњецк (ДНР) напредуваа уште четири километри. Селото Урожајне е под нивна контрола, а се водат борби за контролата над уште три места – изјави портпаролот на министерството, Игор Конашенков.

Тој додаде дека напредување на фроното имало и во областа Луганск, каде што Русија и нејзините сојузници освоиле три населени места, при што биле „уништени“ 40 украински војници и нивните возила.

Истовремено, министерството за информации на ДНР соопшти дека нивните сили имаат значително напредување во Мариупол.

Под наша контрола се 50 отсто од областа на Мариупол. На почетокот во градот имаше и до 14 илјади украински националисти, а останати се  уште околу половината од нив – соопштија од Министерството на ДНР.

Ваквите наводите, засега не може да бидат независно проверени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.