Американските разузнавачи соопштија дека откриле балистички ракети што Русија ги истрелува кон Украина содржат мамки кои ги збунуваат радарите за противвоздушна одбрана и ги привлекуваат кон себе наведуваните ракети, пишува „Њујорк Тајмс“.
Уредите се долги околу еден метар, се во облик на стрела и се бели со портокалова опашка. Тие се ослободуваат од балистичките ракети со краток дострел „Искандер-М“ кои Русија ги испалува од мобилни фрлачи од другата страна на границата – вели американски функционер.
Тој додава дека мистериозниот објект се испушта кога проектилот ќе забележи дека кон него е насочен радарски сноп од противничката противвоздушна одбрана.
Објектот е полн со електроника и произведува радиосигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат „Искандер-М“ и содржи извор на топлина за привлекување на проектилите што доаѓаат кон него – објаснува службеникот, кој не бил овластен да зборува јавно за разузнавачки работи и побарал да остане анонимен.
Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети „Искандер“. Одговорот би можел да биде во овие мамки кои ја водат противвоздушната одбрана на погрешен пат.
„Искандер“ е балистички ракетен систем со краток дострел. Неговиот домет е повеќе од 400 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.