Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години.

Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.

Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“.

Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија.

Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство.

Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.