Судот во Русија денеска ја отфрли тужбата поднесена од мајката на починатиот опозиционер Алексеј Навални, Људмила. Во тужбата се тврдеше дека Навални во затворот не добил соодветна медицинска нега.

Директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, Иван Жданов изјави дека судот во градот Лабитнанги, во близина на арктичкиот затвор каде што во февруари почина Навални, ја отфрлил тужбата. Во образложението се наведува дека саот Навални може да биде тужител.

Алексеј поднесе голем број тужби против управата на затворот за необезбедување медицинска нега. Тие тврдења беа отфрлени. Сега кога тој е убиен, тврдењето на неговото семејство се отфрла со потсмев, напиша Жданов на Телеграм.

Навални, кој беше најпознатиот противник на претседателот Владимир Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна во моментот на неговата смрт. Тој во затвор беше од јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се заздравуваше од труење со нервен агенс, за што го обвини Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.