Постојаниот руски претставник во ОН, Василиј Небензја, порача дека „воените планови на режимот во Киев претрпеле целосно фијаско.

Затоа, очекувајте ги најлошите вести за вас и вашите украински полномошници во блиска иднина. Новите пакети воена финансиска помош за украинскиот претседател Володимир Зеленско само ќе ја одложат агонијата на неговиот режим, но нема да го спречи“, нагласи Небензја.

Тој додаде дека воената победа над Русија е апсолутно недостижна цел.

Во исто време, заканата од земјите на НАТО од територијата на Украина сигурно ќе биде елиминирана, или како дел од Специјалната воена операција, или со политички и дипломатски инструменти“, истакна Небензја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.