Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот Еурактив.
Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник.
Портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Петер Стано, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да пристигне нов амбасадор.
Името на новиот амбасадор останува во тајност додека не се добие таканаречениот „агреман“ од сите земји членки и доколку се добие – појасни Стано.
Според некои извештаи, засега нема одлука дали некој од Европската служба за надворешни работи ќе присуствува на прошталниот прием на Чижов, што треба да биде на 8 септември. Но, веројатно приемот ќе биде или бојкотиран или ќе присуствува некој на пониско ниво.
Во интервју за порталот, Чижов секогаш бил подготвен да разговара за прашања надвор од своите директни овластувања, вклучувајќи и војната во Сирија или состојбата на Балканот.
Порталот наведува оти тешко е да се процени до каде Чижов можел да влијае на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Европската Унија. Но, Путин очигледно го ценел својот амбасадор во Брисел, бидејќи го држел на позицијата 17 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.