Московскиот суд ја казни Википедија со 5 милиони рубли (88.000 американски долари) затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.

Википедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската воена операција во Украина.

Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации – вели Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува Скај њуз.

Википедија, најстариот и најголем проект на Викимедија, е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.