Руското министерство за одбрана соопшти дека во ракетен напад е уништено големо количество на дронови, оружје и муниција што украинската војска ги добила од САД и европските сојузници.

Во соопштението на Министерството се наведува дека нападот бил извршен со со проектили со висока прецизност „Оникс“, при што било уништено складишпте на војниот аеродром во близина на Одеса

Високопрецизни ракети „Оникс“ ги погодија логистичките центри на воениот аеродром во областа Одеса, преку кои се доставува оружје од странство – се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.