Руски повеќенаменски ловец „МиГ-31“ спречил два американски бомбардери од типот „B-1B“ да го нарушат рускиот воздушен простор над Баренцовото Море, соопшти во неделата руското Министерство за одбрана, додека САД сѐ уште не го коментираа

На 24-ти март, руските средства за контрола на воздушниот простор над Баренцовото Море откри групна воздушна цел која се приближува до државната граница… За идентификување на целта и спречување нарушување на руската државна граница, кренат беше ловец МиГ-31 од дежурните сили за противвоздушна одбрана, се вели во соопштението.

Екипажот на рускиот авион ја идентификувал целта како двојка стратешки бомбардери „B-1B“ на американските воздухопловни сили. Се додава дека кога „МиГ“-от се упатил директно кон бомбардерите, американските летала го промениле курсот на летот, оддалечувајќи се од руската граница.

Руското министерство истакнува дека летот на ловецот се одвивал во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води и во согласност со безбедносните мерки за пресретнувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.