Постојаниот претставник на Русија во Европската Унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоциранa да го стори тоа“.

Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме – изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.

Чижов истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас.

Toj објасни дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.

Но, тогаш никој не кажа ни збор – додаде Чижов.

Рускиот дипломат изјави дека верува оти дипломатските напори во последните недели сепак може да резултираат со решение прифатливо за сите страни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.