Одлуката на Вашингтон да испрати дополнителна воена помош за Украина претставува закана за интересите на Москва и ја зголемува опасноста од воен конфликт меѓу Русија и Западот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

Го гледаме тоа како директна закана за стратешките интереси на нашата земја, напиша Антонов на апликацијата за пораки Телеграм.

Снабдувањето со воени производи што го вршат САД и нивните сојузници не само што носи долгорочно крвопролевање и нови жртви, туку и ја зголемува опасноста од директен конфликт меѓу Русија и западните земји, напиша Антонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.