Државната дума на Русија денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми.

Пратениците сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на овие две републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин.

Тасс пренееува дека за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.