Руската војскасоопшти дека спречила нов обид на власта во Киев да ги евакуира од Мариупол водачите на националистичкиот баталјон „Азов“.

Како што соопштија од руското министерство за одбрана, во таа прилика биле соборени два украински хеликоптери.

Утрото, на 5 април, нов обид на режимот во Киев да ги евакуира водачите на националистичкиот баталјон „Азов“ беше запрен во близина на Мариупол. Два украински хеликоптери Ми-8 кои се обидуваа да стигнат до градот од страна на морето беа соборени од преносни противвоздушни ракетни системи – соопшти портпаролот на министерството одбрана, Игор Конашенков, пренесува АФП.

Конашенков додава дека Москва во вторникот им понудила на украинските борци да го остават оружјето и да го напуштат градот „преку договорената рута до територијата контролирана од Киев“, но украинската војска го игнорирала предлогот.

Бидејќи Киев не е заинтересиран да ги спасува животите на своите војници, Мариупол ќе биде ослободен од националистите – порача Конашенков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.