Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом денеска изјави дека постојат знаци дека руските сили се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа Запорожје што ја зазедоа во март.

„Во изминатите недели добивме информации дека има знаци дека можеби се подготвуваат да ја напуштат фабриката“, рече шефот на Енергоатом, Петро Котин, пренесуваат Ројтерс.

Тој рече дека има многу голем број на информации во руските медиуми дека треба да ја напуштат централата и дека контролата треба да ја предадат на Меѓународната агенција за атомска енергија – МААЕ.

„Имате впечаток дека ги пакуваат куферите и крадат се што можат“, смета Котин.

Со месеци Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која повеќе не произведува струја.

Запрашан дали е премногу рано да се зборува за заминување на руските војници од фабриката, Котин на телевизија рече: „Прерано е. Сега не го гледаме ова, но тие се подготвуваат да заминат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.