Се чини дека се случува нов пресврт во информативната војна што ја следи руската воена операција во Украина.

Имено, на руските социјални мрежи се појави фотографија од фрегата „Адмирал Макаров“, за кој вчера украински и западни медиуми објавија дека бил погоден со ракет и е сериозно оштетен. Сепак, на новообјавените фотографии се гледа „Адмирал Макаров“ без оштетувања во пристаништето во Севастопол.

Претходно, на социјалните мрежи се појави информација, подоцна преземена од западни и украински медиуми, дека украинската крајбрежна одбрана со противбродска ракета од типот „Нептун“ го погодила рускиот воен брод на Црноморската флота, „Адмирал Макаров“.

Во веста се наведуваше дека фрегатата е погодена, дека избувнал пожар, како и дека има повредени и загинати морнари. Според објавата, брод се наоѓал во близина на Змијскиот Остров.

Неколку часа подоцна, комерцијалните сателити утврдија дека нема движење на бродот, а следењето на комуникациите не покажа никаква активност кога станува збор за оштетен или потонат брод, како ни дали некој брод бил блиску до спомената фрегата.

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, негираше дека Црноморската флота го загубила овој брод, додека, пак, американски извори вчера изјавија дека не може со сигурност да се потврди дали погодувањето на бродот е вистина или не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.