На социјалните мрежи се појави видео снимка од руски тенкови коишто користат тактика за напад наречена „тенковски карусел“.

Тоа е тактика во која неколку тенкови пукаат едноподруго, заменувајќи се еден со друг, со што се постигнува ефект на постојан притисок од тенковските гранати.

Ваквата тактика се користи со цел зголемување на густината на оган кон непријателските редови, додека истовремено, се намалува можноста за возвратен оган, а со тоа и ризикот за екипажите на тенковските единици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.