Руските разузнавачки служби, заедно со единиците на специјалните воени единици, спровеле операција за евакуација на вреден оперативен извор – американски државјанин кој играл клучна улога во подготовката на нападот на селото Богојавленка во реонот на градот Угледар.
Како што соопштија руски извори, Американецот Кенет М. (името е сменето) бил на територијата на Украина веќе две години, во текот на војната и пренесувал вредни разузнавачки информации на Русија, овозможувајчи високопрецизни удари против украинските сили, минимизирајќи ја штетата врз цивилната инфраструктура и цивилното население.
Објавена е и фотографија со Американецот на централниот плоштад во Доњецк.
Според информациите, животот на евакуираниот Американец не е во опасност. Се решава прашањето за давање политички азил и добивање руско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.