Руската авијација има активна улога во борбите за индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол, каде што во подземниот комплекс, што се наоѓа во рамките на комплексот, има неколку илјади припадници на нацистичкиот баталјон „Азов“ и платеници од странски земји.

При таквото бомбардирање, руските воздушни сили ја употребиле и најмоќната ненуклеарна бомба во светот, позната по прекарот „Татко на сите бомби“.

Оваа бомба го има официјалното име „Авионска вакуумска бомба со зголемена моќност“.

Тоа е термобарично оружје кое создава огромна експлозија која е еквивалентна на јачина на експлозија од 44 тони ТНТ и уништува се во радиус од 300 метри. Во таа прилика, аеросолите од бомбата го врзуваат целиот кислород и создаваат вакуум што дополнително го засилува разорното дејство на експлозијата.

Како изгледа ударот на оваа бомба врз „Азовстал“ може да погледнете во видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.