Русија ја прошири црната листа на британски државјани за уште 36 имиња поради антируската политика на британската Влада.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, соопшти дека на списокот се додадени членови на британската влада, претставници на безбедносни агенции и новинари. На листата се и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, министерот за регионален социо-економски развој, домување, заедници и локална самоуправа Мајкл Гоув, канцеларот на Војводството Ланкастер, Оливер Дауден, министерот без ресор Надим Захави.
Што се однесува до припадниците на војската и безбедносните служби, на списокот е началникот на Генералштабот, Патрик Сандерс, како и претставници на раководството на Стратешката команда на вооружените сили на Обединетот Кралство и Националниот центар за сајбер безбедност.
Захарова додаде дека Москва не го смета за целисходно објавувањето на комплетниот список.
Лондон разбира за кого станува збор, изјави Захарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.