Русија, како одговор на западното замрзнување на дел од нејзините резерви, примени соодветна мерка и го ограничи паричниот тек кон „непријателските земји“, односно оние коишто ѝ воведоа санкции, соопшти во петокот руската централна банка.

Централната банка Банк России притоа потсети дека властите, како одговор на западните санкции, веќе забранија продажба на хартии од вредност од странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.

„Покрај то,а исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите коишто ги поддржаа санкциите против Русија ќе се одвива само со дозвола на владината комисија. Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на делот од руските резерви, Русија, исто така, воведе ограничено движење на средствата коишто би можеле да бидат пренесени на непријателските земји за споредлив изност“, се наведува во соопштението на рускиот регулатор кое го цитира агенцијата РИА.

Според податоците на централната банка, заклучно со 18-ти февруари, девизните резерви на Русија достигнале „ново највисоко историско ниво“, достигнувајќи 643,2 милијарди долар.

Регулаторот открива и податоци за уделот на странските валути по шест месеци: на 30-ти јуни 2021 година, учеството на средствата во американски долари во вкупното портфолиото се намали во текот на годината од 22,2 на 16,4 отсто.

Според процените на министерот за финансии Антон Силуанов, како резултат на новиот бран санкции поради Украина, Западот блокирал околу половината од златните резерви на Русија во износ од околу 300 милијарди долари,.

Во Кремљ ваквите потези, во прв ред на САД и ЕУ ги нарекоаа економска војна без преседан. Притоа Москва ја истакна подготвеноста за таков развој на настаните и уверува дека ќе продолжни да ги извршува социјаните обврски кон своите граѓани.

Централната банка истовремено презема мерки за стабилизиранње на состојбата на домашниот девизен пазар. Според премиерот Михаил Мишустин, владата подготвила план за справување со санкциите, а за негово финансирање ќе бидар издвоени околу трилион рубљи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.