Руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерска единица составена од хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н на руските воздушни сили уништиле осум тенкови на украинската армија, четири пешадиски борбени возила и три оклопни транспортери.

Руските воздушни сили со крстосувачки ракети нападнаа центар за обука на странски платеници и украински националисти во регионот Ривне. Како резултат на овој ракетен напад, во центарот за обука се елимнирани 80 платеници и националисти – се наведува во соопштението на руското министерство.

Во него се додава дека високопрецизни крстосувачки ракети уништиле складиште со муниција и оружје, како и седиштето на механизирана воена бригада во близина на местото Селец во западна Украина.

Во текот на изминатата ноќ, руските воздухопловни сили уништиле вкупно 44 украински воени објекти, меѓу кои и шест противвоздушни ракетни системи БукзМ1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.