Руската армија, со воздушни и артилериски напади, спречила обид на украинската војска за пробив на опсадата и бегство од Мариупол , соопшти руското Министерство за одбрана.

Претставникот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека преостанатите украинските единици, опколени во фабриката „Илјич“, во текот на ноќта се обиделе да излезат од градот.

Група украински војници, околу стотина од нив, со оклопни возила се обидоа да го напуштат кругот на фабриката и да го напуштат градот во правец на север. Воздушните и артилериските напади го спречија нивниот обид – изјави Конашенков.

Тој соопшти дека во таа прилика биле уништени три украински тенкови, пет пешадиски возила, седум други возила, а загинале околу 50 војници.

42 војници доброволно се предадоа и го положија оружјето – вели Конашенков.

Тој соопшти дека во последното деноноќие, руските сили уништиле 32 украински воени објекти, вклучително и систем за воздушна одбрана Бук-М1, како и радиолокатор за систем С-300.
Во текот на ноќта со високопрецизно оружје од копно и море уништени се две складишта за муниција.

Во областа кај Бердјанск и Мелитопол се уништени и две беспилотни летала.

Како што изјави генерал Конашенков, од почетокот на операцијата на руската армија досега се уништени вкупно 440 дронови и 130 авиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.