Русија создала дигитален безбедносен систем наречен „Пјатница“, што значи петок на руски, дизајниран да заштити важни објекти од големи размери од напади со беспилотни летала, веле за „Спутник“, креаторот на овој систем, додавајќи дека системот ќе биде претставен на форумот Армија 2024.
Изложбата ќе се одржи од 12 до 18 август во градот Кубинка во близина на Москва.
Најверојатно, на форумот ќе претставиме платформи за автоматски митралез, како и нашиот дигитален безбедносен систем „Пјатница“… Ова е софтверско решение кое интегрира сè во еден центар. Го извлековме најдоброто од индустријата и сајбер безбедноста, спојувајќи сè заедно и на тој начин добивајќи можност за контрола на различниобјекти на големи површини“, вели развивачот на системот.
Тој додава дека системот ќе помогне да се „покријат“ големи објекти, вклучително и индустриски претпријатија, нападнати од украински беспилотни летала.
Мораме да сфатиме како да делуваме на дроновите, врз основа на спецификите на типовите на беспилотни летала, без губење време. Системот „Пјатница“ ни помага да го избереме оптималниот тип на удар врз основа на различни фактори“, вели креаторот на системот.
Како што објаснува тој, системот го добил името „Пјатница“ затоа што е измислен во петок, додавајќи дека не траба да се бара друго скриено значење“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.