Русија подготвува нов закон со кој ќе може да ја преземе контролата врз локалните фрми, филијали на западните компании кои ќе одлучат да ја напуштат земјата поради руската воена операција во Украина.

Како што анализира „Ројтерс“, со тоа се зголемуваат влоговите за мултинационалните компании кои се обидуваат да ја напуштат Русија.

Законот, кој би можел да стапи на сила за неколку недели, ќе и даде на Русија широки овластувања да интервенира таму каде што има закана за локалните работни места или индустрија, што на западните компании ќе им отежне да го напуштат рускиот пазар, освен ако не се подготвени да преземат голем финансиски удар, пишува „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.