Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.
Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен написот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот лидер.
Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година. Тој годинава требаше да се кандидира за нов мандат на претседателските избори, но тие не се одржаа бидејќи во државата е вонредна состојба.
Радио Спутник пишува дека Русија распишала и потерница за Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили.
Во изминатите денови Русите издадоа потерница за голем број украински политички актери: секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Литвиненко, поранешниот министер за правда Павел Петренко, поранешниот шеф на Службата за безбедност Валентин Налваиченко, поранешниот министер за финансии Александар Шлапак и поранешниот шеф на Народната банка Степан Кубив.
Да потсетиме, во март минатата година Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.