Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за голем број можни решенија за „украинскиот проблем“, пренесоа руските државни медиуми.
„Украинскиот проблем може да се реши на многу начини, Путин ги поддржува сите идеи за ставање крај на конфликтот“, изјави Песков за РИА Новости.
Да потсетиме, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза денеска пристигна во Украина во рамките на африканската мировна мисија. Се очекува Рамафоса денеска да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа да отпатува за Русија на разговори со Путин во сабота.
Според нацрт-документот во кој Ројтерс имал увид, африканската мировна мисија најверојатно ќе предложи серија „мерки за градење доверба“. Во документот се наведува дека целта на мисијата е „да ја промовира важноста на мирот и да ги охрабри страните да се согласат на процес на дипломатски преговори“.
Овие мерки би можеле да вклучуваат повлекување на руските војници, отстранување на тактичкото нуклеарно оружје од Белорусија, суспендирање на налогот за апсење на Путин на Меѓународниот кривичен суд и олеснување на санкциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.