Руското министерство за одбрана соопшти дека во украинското пристаниште Мариупол денеска треба да почне локален прекин на огнот, со цел да се евакуираат цивилите.
Мерката треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор до украинскиот град Запорожје.
За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст – порачаа од руското министерство.
Украинските власти најавата за прекин на огнот во Мариупол ја оценија како манипулација и порачаа дека не веруваат во ветувањата на Русија за намалување на военото присуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.