Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари во рукста област Курск.
Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели. Од Министерството додадоа дека планира новинарите да ги гони судски.
Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион.
На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.